За нас


Дием-ГП ДОО е производно-трговско претпријатие за производство и преработка на овошје и зеленчук. Веќе дваесетина години е водечко претпријатие во оваа дејност. Располага со стандардот за квалитет - ISO 9001 и со стандардот за управување со безбедност на храна - ISO 22000, кој ги вклучува и HACCP стандардите.

Богатиот производствен асортиман го сочинуваат производи со врвен квалитет, достапни во најразлични пакувања и спремни веднаш да се најдат на Вашата трпеза. Како наш најпознат и најдобар производ го издвојуваме домашниот печен ајвар - Баш Ајварот.

Нашите производи можете да ги најдете во ланецот на специјализиарни маркети на Дием-ГП во Скопје, Битола и Гевгелија, како и во сите други ланци на супермаркети и помали маркети низ цела Македонија.

Во странство извезуваме во повеќе земји: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Австрија, Чешка, Канада, САД и Австралија.

Посетете не', освен на квалитетни производи, ќе наидете и на искрена и професионална соработка.

Дием-ГП™ - фабрика за производство и преработка на овошје и зеленчук